ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Презентации за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс

Презентации за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс
На 27 ноември се одржаа презентации за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс во ООУ Ацо Шопов во Радишани.

Претставничката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Насковска, која воедно е вработена во Европас центарот при Националната агенција, ги презентираше европските образовни мрежи пред одделенските и предметни наставници од ООУ Ацо Шопов.

На презентациите беа презентирани мрежите Европас и Еврогајденс, потоа документите на Европас и беше образложено каде и како се користат тие.

Исто така, на присутните им беа објаснети и образложени и други можности и бенефити кои можат да ги искористат преку другите образовни мрежи, со кои раководи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, како и за Еразмус+ програмата.

По презентациите следуваше дискусија при што присутните учесници имаа и дополнителни прашања на кои добија одговори и објаснувања.

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
март 2024
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Следете не