Образованието е од големо значење за секој човек кој сака да биде успешен во животот. Доброто образование навистина може да им помогне на идните генерации да успеат во многу сфери од животот. Образованието и учењето уште од мали нозе помагаат да се изградат морални вредности и различни интелектуални вештини со чија помош детето ќе се развие во отворена успешна индивидуа, секогаш подготвена за позитивни промени во неговиот живот.

Секогаш кога ќе научи нешто ново, детето станува посигурно во своите интелектуални способности и добива се повеќе самодоверба. Како што расте неговото знаење, така ќе расте и неговата самодоверба.

Преку училишното образование детето ќе научи да си поставува цели и да се гордее кога ќе успее да ја постигне поставената цел. Со текот на времето, детето ќе има поголеми цели, а исполнувањето на една од нив, кога детето ќе порасне, ќе има клучна улога во постигнувањето на животниот успех.

Образованието им помага на децата да развијат сопствено критичко размислување. Како што ќе расте нивото на образование на детето, така и неговото критичко размислување и личен став ќе станат посилни и поразвиени.

За да се одговори правилно на прашањето зошто образованието е толку важно, потребно е да се дефинира на вистински начин. Во потесна смисла, образованието може да се дефинира како процес на стекнување знаења, градење вештини и навики, развивање способности, усвојување системи на вредности и правила на однесување. Во поширока смисла, образованието е постојан процес кој трае во текот на животот и се состои од постојано проникнување на формално и неформално, индивидуално и општо.