ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

„За децата, од децата – иднината на образованието“

На 20ти Ноември се одбележа Светскиот ден на децата преку владин состанок „За децата, од децата – иднината на образованието“. Настанот го следеа online учениците од Ученичкиот Парламент при ООУ„ Ацо Шопов“ преку директниот youtube канал на Владата.
Состанокот го отвори премиерот г.Зоран Заев, а потоа зборуваа шефот на делегацијата на Европската Унија г. Дејвид Гир, претставничката на УНИЦЕФ г-а Патриција Ди Џовани, министерката за образование г-а Мила Царовска и министерката за труд и социјална политика г-а Јагода Шахпаска.
Особено не радуваше фактот што средношколци можеа отворено да зборуваат за придобивките но и за недостатоците во нашиот образовен систем и начинот на одвивање на наставата. Се осврнаа на клучни прашања кои се наши слаби страни, и отворено и одговорно даваа лични предлози за подобрување на наставниот процес. Тие навлегоа во суштината на проблемот, ги критикуваа но и ги поддржаа своите наставници, поставуваа прашања, даваа сугестии. Ние како училиште сме горди што и наша поранешна ученичка, минатогодишната претседателка на Ученичкиот Парламент Христина Јовчевска, зема учество и говореше за проблемот со кој се соочуваат децата со посебни потреби, но и децата кои се соочуваат со дислексија, намалено внимание, деца на кои на било кој начин им е потребна помош.
Завршен збор имаа секако одговорните лица од областа на образованието, министерката за образование г-а Мила Царовска и министерката за труд и социјална политика г-а Јагода Шахпаска, кои ги сослушаа учениците и одговорија на поставените прашања. За крај само реченицата искажана од г. Дејвид Гир: „ Секое дете е единствено и значајно во овој свет. Никогаш повеќе таква личност нема да се роди. Да веруваме во нив и да ги охрабриме, тие се иднината
See Translation
20.11.2020 година

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
март 2024
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Следете не